Министерство за култура: За квалитетни филмски проекти може да го зголемиме буџетот
- По денешниот протест на филмските работници, Министерството за култура соопшти дека има целосно разбирање за нивните барања и оцени дека протестот е резултат на повеќегодишното отсуство на слух за нив. Во соопштението наведува дека има иста цел со нив - Агенцијата за филм да има добар буџет со кој ќе успее да реализира квалитетни филмски проекти.
- Вистина е дека годинава Агенцијата доби помалку средства од претходната, но исто така треба да имаме предвид дека токму преку буџетот на Агенцијата во минатото се реализираа проекти и дела кои спроведуваа партиска и политичка пропаганда, а не уметнички дела, како и дека преку нив се прекршуваа законите и се правеа злоупотреби. Најеклатантен пример за тоа е снимањето на серијата „Македонија“ со буџет од 4 милиони евра, во која бројот на епизоди незаконски бил намален од 130 на 80, а всушност и покрај исплатените средства таа серија всушност не ни почна со вистинска реализација и во неа имаме индиции за сериозни злоупотреби кои се истражуваат, пишува во реакцијата на Министерството за култура.
Наведува дека има случаи кога за некои проекти средства им биле исплатени на продуцентите, а никогаш не дошле до филмските работници ангажирани во тие проекти. Поради тоа, почнати се ревизии и ќе се направи целосна ревизија на работата на Агенцијата за филм и на средствата потрошени во филмската дејност.
- Заложба на Владата и на Министерството за култура е да ги помагаме и поддржиме сите квалитетни проекти. Подготвени сме, доколку добиеме такви проекти, да најдеме средства и преку пренамена, како и преку ребаланс на буџетот. Наша намера не е да се одделат средства и тие да лежат непродуктивно на сметки на институциите, туку да се трошат според бараната динамика на проекти кои се во интерес на граѓаните. Доколку филмските работници предложат и донесат такви проекти, ние со задоволство ќе ги поддржиме и подготвени сме во таа смисла и да го зголемиме буџетот. Бидејќи се работи за значајни средства и буџети, да ги поставиме повисоко критериумите за избор на проектите, да ги подобриме методологиите за нивна евалуација и да поставиме механизми за одговорно трошење на парите на граѓаните, наведува Министерството за култура.
Поради големите наследени долгови на Агенцијата за филм, за кои се наоѓаат начини за сервисирање на обврските, Министерството за култура очекува и од филмските работници да предлагаат реални буџети и рамки во кои ќе се движат продукциските и други трошоци во согласност со актуелниот стандард на граѓаните во земјата
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп