Министерски совет во Скопје за европските коридори и транспортните политики
Министерски совет со учество на министрите за транспорт на земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина ќе се одржи утре во Скопје, во организација на Министерството за транспорт и врски и Секретаријатот на Транспортната заедница.
Ќе се дебатира за напредокот на земјите во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти на главните коридори од ТЕН-Т мрежата (европски коридори), како и за напредокот на усогласување на транспортната политика со законодавството на Европската Унија.
Најавено е присуство и на делегација од Европската Комисија предводена од Магда Копчинска, директор на Директоратот за транспорт на ЕК, како и на директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.
Покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, се очекува да се обратат и министрите за транспорт на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Молдавија, како и претставници од Албанија, Србија и Грузија, а се предвидува онлајн вклучување на министерот за инфраструктура и на Украина. Ќе присуствуваат и претставници од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција.
Во рамки на Министерскиот совет, Бочварски ќе оствари билатерални средби со министрите од Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и со претставници од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток