Министерски состанок за Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт
Во Скопје денеска и утре ќе се одржува Министерски состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт.
Како што соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Агендата го става регионот во добра насока за подлабока соработка со ЕУ и Министерскиот состанок ќе се фокусира на заедничките напори за нејзино спроведување.
-Министрите присутни на состанокот и сите други учесници ќе разговараат за важната улога на Европската истражувачка област и Европската агенда за иновации, во која сите партнери од Западен Балкан се целосно интегрирани, се наведува во соопштението.
Министерскиот состанок ќе биде од работен карактер, со само неколку седници отворени за медиумите.
Состанокот ќе го отвори Илиана Иванова, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади. Предвидено е присуство и обраќање на министри од Северна Македонија и од регионот, како и претставници од релевантните директорати на Европската комисија, меѓународни организации и од бизнис-заедницата.
Настанот ќе почне вечер со една од сесиите и ќе продолжи утре кога ќе биде и официјалното отворање на Министерскиот состанок со учество на министрите за обрзование и наука и за култура, Весна Јаневска и Зоран Љутков, и министерот за култура и иновации Балаш Ханко од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно