Министерот Хасан посети две домашни компании во Велес
Министерот за ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан посети две домашни компании од Велес кои минатата година добија финансиски средства согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Министерот, како што денеска информира неговиот Кабинет, посочил дека домашните компании се подеднакво важни како и странските компании и оти Владата работи и усвојува нови мерки и услови за финансиска поддршка за подобрување на бизнис климата во државата.
Едната од компаниите кои ги посети министерот Хасан е македонско-турска фирма која се занимава со производство на цигли, керамички плочи и други градежни материјали, а другата е компанија која произведува прехранбени производи.
На средбата со директорот на македонско-турската компанија Абдуррахим Бајрактар било изразено задоволство од финансиската помош што домашните инвеститори ја добиваат согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат