Министерот Фазлиу на 5. Регионален форум во Струга посветен на ИПА програмата за прекугранична соработка
Претставници на Европската комисија и на државите од регионот, што се опфатени со втората компонента на ИПА Програмата за прекугранична соработка учествуваат во работата на дводневниот Регионален форум, што со поддршка на ЕУ од денеска се одржува во Струга.
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на отворањето на Форумот појасни дека средбата е можност за размена на искуствата и позитивните примери на останатите корисници на ИПА компоненетата за прекуграничмна соработка.
- Верувам дека на тој начин ќе успееме да ги подобриме капацитетите и во Министерството и на државата за да можеме што повеќе да искористиме од тие фондови. Соработката е одлична, очекуваме дека ќе следуваат добри проекти, секако проектите ќе придонесат за развој на прекуграничните места, а и севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, рече тој.
Ресорното Министерство веќе работи на изготвувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Албанија за периодот од 2014 до 2020 година. Програмата покрива седумгодишен период, за кој од страна на ЕУ се предвидени средства во износ од 11,9 милиони евра.
Цел на Програмата е обезбедување избалансиран, инклузивен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион со поддршка на туризмот, заштита на културно-историското и природното богатство, подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвестициите, потоа активности за унапредување на прилагодувањето кон климатските промени и имиграцијата, како и заштита и управување со ризик.
Што се однесува на локалните избори министерот Фазлиу најави интензивна соработка со новите локални власти, притоа нагласувајќи ја потребата од нејзино унпаредување во сите сегменти.
- Како држава сме во тешка ситуација и мораме сите заедно да соработуваме независно дали е позиција или опозиција за да ги подобриме состојбите и квалитетот на животот во земјата, да не дозволиме младите да ни бегаат. Еднаш засекогаш да ја извадиме политиката од институциите за истите попрофесионално да функционираат. Очекувам од новите градоначалници повеќе да се посветат на работата отколку во политичкиот ангажман. Граѓаните чекаат работа и очекуваат резултати, рече Фазлиу.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип