Министерот Цветков на Форум за земјоделство во Будимпешта
Македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков од денеска до 25 овој месец ќе учествува на 10. Форум за земјоделство, трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, што се одржува во Будимпешта, Унгарија.
На Форумот учествуваат министри за земјоделство од 20-тина европски држави и од Кина, како и претставници од унгарски компании, пред кои министерот Цветков ќе ги презентира деловните можности за трговска соработка и инвестирање во земјоделско - прехранбениот сектор во Република Македонија.
- Форумот е значаен настан кој прерасна во сериозна платформа за соработка меѓу владите и деловните субјекти од земјоделско – прехранбениот сектор на земјите учеснички и кој претставува одлична можност за споделување искуства и размена на корисни информации за инвестициските можности, потенцијалот за трговска размена и реализација за заеднички иницијативи и проекти, соопшти Министерството за земјоделство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето