Министерот Чулев им се заблагодари на граѓаните за почитувањето на полицискиот час
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук им се заблагодари на сите граѓани кои ја почитувале забраната за движење за време на продолжениот полициски час кој почна во петокот во 16 часот и заврши утрово во 5 часот.
-Упатувам благодарност до оние граѓани кои се свесни за предизвикот со кој се соочуваме сите и ги почитуваат одлуките на Владата за забрана на движењето и препораките за социјално дистанцирање, напиша министерот на фејсбук-профилот.
Според статистиката на МВР, во изминатото деноноќие (12-13 април) забраната за движење на целата територија на државата не ја почитувале 172 лица, а од нив приведени биле 134. На останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.
Според статистичките податоци, 253 лица потпишале изјави за самоизолација, а при извршени контроли од полицијата, не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден