Министерот Бектеши се сретна со кинеската амбасадорка Ликсиан
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со Јин Ликсиан, амбасадорката на НР Кина во Република Македонија. Како што информираат од Министерството за економија, упатувајќи му честитки за именувањето на Бектеши на функцијата, амбасадорката посакала да продолжи востановената соработка во економските сектори на двете земји, истакнувајќи дека трговијата покажува одлични резултати на јакнење на економските односи на двете страни.
Кинеската амбасадорка на министерот Бектеши лично му врачила покана за два важни економски настана, во организација на НР Кина - Форумот за меѓународна соработка по иницијативата „Belt and Road“, кој ќе се одржи идната година во Шангај, и за прво претставување на Република Македонија на ЕКСПО за увоз во Кина.
Според амбасадорката, соработката на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа бележи континуитет, а месецов се очекува Самитот на премиерите во Будимпешта да ги дефинира активностите и плановите за следната година во неколку економски области, и тоа трговија, инвестиции, соработка во производствени капацитети и индустрија.
Изразувајќи благодарност за поканите и честитките, министерот Бектеши информираше дека е назначен од страна на Владата на Република Македонија за претседавач на Македонско-кинеската мешовита комисија по Договорот за трговска и стопанска соработка, а Министерството за економија веќе подготвува допис до неговиот хомолог – министерот за трговија на НР Кина за да го извести за назначувањето и да предложи одржување на 8. Седница на Македонско-кинеската мешовита комисија во Скопје, во првиот квартал од 2018 година.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови