Министерот Адеми и градоначалникот на Чаир го посетија ООУ „Лирија“
Министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска го посетија основното училиште „Лирија“ каде се реализираат градежни работи за реконструкција на училишниот објект.
Градоначалник Ганиу информира дека целосно е реновирана спортската сала со површина од 400 квадратни метри, што опфаќа реновирање на паркетот, кречење, регулирање на осветлувањето, промена на влезните врати и вратите кај соблекувалните, реновирање на подот на првиот и вториот кат со површина од 300 метри квадратни, поставување вкупно 26 нови врати, кречење на ѕидовите на првиот и вториот кат, целосно реновирање на две училници, кречење и изолација.
– Работните активности не застануваат овде, треба да се реновираат целосно тоалетите, регулирање на оградата на училиштето и уредување на фасадата. Досега работните активности што се одвивале ја поминуваат цената од 70.000 евра, рече Ганиу.
Министерот Адеми се заблагодари на компанијата „Ефтинија импекс“ што инвестирала во ова училиште.
– Веруваме дека само на ваков начин, преку еден координиран пристап, меѓу Владата, министерството, општините и општествено одговорни компании како „Ефтинија импекс“ можеме да ги подобриме образовните инфраструктурни услови, а со тоа да влијаеме и во подобрување на квалитетот на воспитно образовниот процес, рече Адеми.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница