Македонија
13. September 2016 - 17:03

Министерката Ременски ја посети градинката во Чаир

Во градинката „11 Октомври" - Бутел, работна единица „Чаир", земјотресот предизвикал ентериерна, а не конструктивна штета. 

Ова е констатацијата по денешната обиколка на објектот кој го посети и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска - Ременски.

Одговорните во Министерството за труд утре ќе излезат на терен и ќе направат увид во состојбата. Ќе се изготви и план за санирање на градинката.

Ташевска-Ременски ги уверува родителите дека Министерството се грижи за безбедноста на нивните деца и дека ќе се отстранат сите штети од земјотресот што ќе ги пријават скопските градинки. Дополнително ќе се побара одговорните за грижа и нега на децата во градинките да поминат соодветни обука за заштита и помош во случај на природна непогода.