Милошоски: Вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде уште едно јаболко на раздорот
Во гостување во Тема на денот на Сител ТВ на прашањето дали е спорно за државата според ВМРО-ДПМНЕ Бугарите да бидат впишани во Уставот, претседателот на комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски кажа дека според него во Република Македонија тоа ќе биде уште едно јаболко на раздорот.
- Во Република Македонија сметам дека тоа ќе биде уште едно јаболко на раздорот. Тоа ќе ја врати Македонија во времето на пропагандите од 19 век каде што секој ќе се натпреварува да добие квоти, ќе отвори нови барања, нови пописи, нови проценти, нови афирмативни квоти за некого или против некого. Сметам дека Македонија ќе стане земја во којашто соседните држави ќе се натпреваруваат кој има поголем капацитет да си направи некаков простор за оние кои му се фаворити во државата Македонија, кажа Милошоски.
Според Милошоски, правата на граѓаните на Република Македонија без разлика на нивната национална припадност и во овој момент и со извештајот на Бадинтеровата комисија од 1991 година се покажало дека се цврсто загарантирани.
Ново на Сител
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози