Милошоски: Неспособноста на надлежните за организирање на Охридскиот маратон е срамна
Aнтонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, го повика претседателот Стево Пендаровски да направи се што е можно како покровител на Охридскиот пливачки маратон. Шефот на државата вчера објави дека за прв пат од 1962 овааа манифестација нема да се одржува, затоа што е блокирана сметката на пливачката федерација.
Милошоски ја повика и Владата и Агенцијата за спорт и млади да најдат начин како да ја одблокираат сметката на организаторот, а предложува и да се побара помош од донатори.
„Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд на Македонија цели 6 децении. Се одржувал и во полесни и во потешки времиња затоа што ниеден претседател и власт не ни помислиле дека откажувањето е опција.
Но, оваа година славниот Охридскиот маратон се удави во неспособноста на претседателот Пендаровски како покровител, владата и Агенцијата за млади и спорт. Зарем трудот и ентузијазмот вложуван од Дики и Атина Бојаџи, од Нико Нестор и Снеже Групчева, како и сите пливачки шампиони од Египет, Бугарија, Шпанија, Македонија и Холандија не беа доволен мотив за Пендаровски и за владата да се обидат да најдат домашни и меѓународни спонзори и решение во интерес на пливачите, во интерес меѓународниот спортски углед на Охрид и на Македонија?“, прашува Милошоски.
Тој му порача на Пендаровски дека не е, како што вели, спортски новинар само да известува дека настанот нема да се одржува, туку дека треба и да превземе иницијатива.
„Претседателот Пендаровски вчера само напишал "ме информираше - ве информирам", како да е спортски новинар, а не институција со буџет, вработени, статус и државни надлежности. За ваквата неспособност и информирање преку социјални мрежи, малку е да се рече засрамота“, заклучува Милошоски.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ