Мило Ѓукановиќ поднесе оставка на лидерското место во ДПС
По поразот во неделата на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС).
РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент.
Ѓукановиќ на чело на ДПС е од 1998 година. За време на неговото претседателствување со таа партија четири пати беше црногорски премиер и два мандата претседател на Црна Гора.
Тој во неделата беше убедливо поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ, кандидатот на движењето „Европа сега“ кој освои 60 отсто од гласовите на гласачите.
Ѓукановиќ ќе остане на функцијата претседател на Црна Гора до 20 мај, кога ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани