Македонија
6. November 2017 - 14:10

Милионска кражба во Демир Капија

- Непознато лице синоќа извршило тешка кражба во семејната куќа на С.Е.(40) во Демир Капија. Сторителот преку прозорецот од купатилото влегол во куќата и одзел паричник во кој имало околу 25.000 евра.

МВР информира дека  С.Е. во 20:30 часот го пријавил случајот во полициската станица - Неготино. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.