Милевски: Уверен сум дека ќе ја оправдаме фаворитската улога против Лихтенштајн
Ден пред натпреварот против Лихтенштајн во рамки на мундијалските квалификации, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и играчот за врска Стефан Спировски ги изнесоа своите очекувања од дуелот во Вадуц.
– Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натпревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација, изјави селекторот Милевски.
Од своја страна, Спировски во име на соиграчите најави максимална пожртвуваност за остварување на зацртаната цел и освојување на важни три бодови во трката за пласман на Мундијалот идната година во Катар.
– Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме. Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел, порача Спировски.
Натпреварот се игра утре со почетокот во 20:45 часот на стадионот „Рејнпарк‘ во Вадуц.
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“