Милевски го објави списокот на фудбалери за дуелот со Украина
Селекторот на репрезентација на Македонија до 21 година Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери за претстојниот квалификациски натпревар против Украина на гостински терен на 27 мај.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 23 фудбалери, нови имиња се Ељиф Елмаз од Работнички и фудбалерот на Силекс, Кристијан Филиповски.
Голмани:Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Дамјан Шишковски (Работнички), Филип Илиќ (Металург);
Одбрана:Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлерој, Белгија), Висар Муслиу (Ренова), Бесир Демири (Шкендија), Мевљан Мурати (Шкупи), Егзон Бејтулау (Шкендија), Алекса Амановиќ (Јавор, Србија);
Среден ред:Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Давид Бабунски (Црвена Звезда, Србија), Даниел Аврамовски (ОФК Београд, Србија), Кристијан Филиповски (Силекс), Енур Тотре (Шкендија), Елиф Елмаз (Работнички);
Напад:Марјан Радески (Шкендија), Тихомир Костадинов (Банска Бистрица, Словачка), Филип Пивковски (Ландскрона, Шведска), Виктор Ангелов (Ујпешт, Унгарија), Кире Маркоски (Работнички), Петар Петковски (Вардар);
Првиот собир репрезентацијата на Македонија го има на 21 мај во Скопје.
Ново на Сител
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик
-
Сиљановска Давкова се сретна со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол
-
Макрон го осуди израелскиот напад врз Бејрут
-
Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам