Милевски достави илјада амандмани на Законот за нотаријат
Пратеникот Горан Милевски денеска до Собранието достави илјада амандмани на Предлог - законот за нотаријат.
Во соопштението од Либерално - демократската партија, чиј лидер е Милевски се посочува дека новиот Предлог-закон ќе ја усложни постапката пред нотар, а постои голема веројатност дека ќе зголеми и нотарските трошоци, како и времето потребно за завршување на одредени нотарски работи.
- Со ова законско решение добивка ќе имаат мал број адвокати блиски до власта, повторно на сметка на граѓаните, а останатите адвокати ќе останат со „куси ракави“, смета Милевски.
Пратеникот, како што стои во соопштението, смета дека е потребна либерализација на нотарската работа и намалување на тарифникот на услуги. Доколку државата има недоверба кон работата на нотарите, треба да воведе засилени контроли кај оние нотари кои смета дека работат несовесно, а не целата фела да ја деградира пред јавноста, се наведува во соопштението.
Расправата за овој Закон ќе започне во вторник на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Ново на Сител
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите