Милановиќ: По Британија можни се барања за референдум и во Хрватска
Лидерот на СДП и поранешен хрватски премиер Зоран Милановиќ по излезот на Велика Британија од ЕУ не ја исклучува можноста да се појават заговорници околу ова прашање и во Хрватска.
- Велика Британија никогаш немала мирна ситуација кога станува збор за членството во ЕУ. Одлуката ја донесоа главно припадниците на повозрасната генерација, додека младите биле доминантно за останување. Тоа е така во демократијата, а тие ќе живеат со овие последици, истакна Милановиќ.
Тој нагласи дека таа одлука има врска и со Хрватска, но смета дека нема посериозно да влијае врз хрватската стабилност.
Милановиќ додаде дека „Хрватска ќе продолжи понатаму по својот пат“, но констатира дека во хрватската демократија, исто така, ќе се појават демократски барања за излез од Унијата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип