Микл-Лајтнер: Грција да ја подобри контролата на границата со Турција
Надворешната граница на ЕУ ќе се помести кон централниот дел на Европа, доколку Грција не ја обезбедува подобро својата граница со Турција, предупреди австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер на неофицијалната средба за миграција и тероризам на министрите за внатрешни работи и за правда на ЕУ, што се одржува денеска во Амстердам.
Откако во саботата и се закани на Атина со времено исклучување од Шенген зоната, Австрија денеска повторно упати критики до Грција за нејзините пропусти при обезбедувањето на границата со Турција, која е главен влез на мигрантите во ЕУ.
- Апсолутно е мит дека грчко-турската граница не може да се обезбедува. Грчката Воена морнарица има доволен капацитет да ја контролира оваа граница. Ако не успееме да ја обезбедиме надворешната граница на ЕУ, тогаш таа ќе се помести кон централна Европа, истакна Микл-Лајтнер.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано нагласи дека неговата земја не ја поддржува идејата границата на ЕУ да се помести до северната граница на Грција со Македонија.
- Сметаме дека ЕУ треба да остане стабилна структура. Не може да има делови од ЕУ внатре и делови надвор, бидејќи тоа би претставувало почеток на распад, истакна Алфано.
Шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандо Диас, исто така, побара подобра контрола на надворешните граници на ЕУ, што според него, е „најдобра гаранција за зачувување на Шенген зоната“, но исто така е против изолирање на Грција.
Ново на Сител
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот