-->
-->
Мијалков замина во куќен притвор
-->
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва излегува од затворот „Шутка“, каде од минатиот месец е во притвор како еден од осомничените во случајот „Империја“.
-Постапувајѓи по предлог на Специјалното јавно обвинителство судијата на претходна постапка го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор за обвинетиот С.М. во случајот од Обвинителството означен како „Империја“, соопштија за МИА вечерва од Основниот суд Скопје 1.
Претходно денеска СЈО го достави предлогот за определување куќен притвор на Мијалков до Основниот суд Скопје1. Документите за Мијалков вчера беа вратени на доработка бидејќи биле некомплетни.
Тој излезе последен од притвор од вкупнот петмината на кои за овој случај им беше изречена оваа мерка.
За останатите осомничени и притворени за случајот „Империја“ – Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Цветан Панделевски, Апелацискиот суд Скопје претходно по даденото позитивно мислење од СЈО донесе одлуки со кои мерката притвор се заменува со куќен притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра