-->
-->
Михајловиќ повика на мир
-->
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ со солзи во очите се потсети на војната во поранешна Југославија зборувајќи за ситуацијата во Украина и не можеше да ја заврши прес-конференцијата. Михајловиќ е роден во Вуковар, град кој страдаше најмногу во војните во 1990-тите.
„Пред некој ден прочитав една реченица дека кога војната е помеѓу двајца богати, умираат сиромашните. Сигурен сум дека со војна нема да се реши ништо. Се сеќавам кога го освоивме трофејот со Црвена звезда што се случуваше во мојата земја. Кога мојата земја беше бомбардирана, јас го освоив скудетото со Лацио. Тогаш сакав тренинзите да ми траат 24 часа, мечевите да бидат долги цел ден, бидејќи не сакав да мислам на војната и бомбите. Само на теренот бев среќен и покрај војната. Кога ќе завршеа, бев во хаос. Не можев да се слушнам со моите родители две недели и не знаев дали се живи. На ТВ гледав како авионите полетуваат од базата во Италија и ќе и се јавев на мајка ми да оди во скривница. По еден месец нема поента да зборуваме за војната бидејќи луѓето ќе се навикнат и нема да им е грижа ако има војна некаде далеку. Затоа треба да работиме за мир и за што е можно побрз крај. Ова е поголемо од сите нас“, изјави Михајловиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив била пронајдена дрога
-
Мицкоски: На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција | ВИДЕО
-
Високи претставници на демократите во САД отфрлаат засега можност за замена на Бајден поради повиците тој да се откаже од трката за претседател
-
Пожарите во близина на Атина без активно жариште
-
Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа
-
ЈП ПОЦ минатата недела со санкции за 203 непрописно паркирани возила
-
Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени
-
Едно лице загина, а едно е повредено во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите