Миење на улиците во ноќните часови во Куманово за намалување на загадувањето
Интезивно миење на улиците во централното градско подрачје во Куманово почна од синоќа, како дел од мерките што ги преземаат општинските власти за намалување на загадувањето.
-Со две цистерни ги миеме улиците и булеварите, согласно насоките од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово кои произлегуваат од истражувањата за нивото за загаденост во градот, извршени во пролетните месеци. По кој знае кој пат ја исчистивме и депонијата пред влезот на населбата „Перо Чичо“, бидејќи имаше критики од јавноста дека сметот го палат несовесни граѓани. Повторно презедовме акција за расчистување, иако пред само еден месец депонијата беше исчистена, изјави директорот на Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.
Тој најави дека екипите на претпријатието деновиве ќе почнат акција за чистење на депонијата кај регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
Вчера, Секторот за инспекциски надзор информираше дека од денеска почнува аеросолизација на улиците во централното градско подрачје и од оваа служба најавија дека заедно со СВР Куманово интензивно ќе работат на терен на откривање на загадувачите во градот. Изминативе три месеци се изречени 27 казни за несовесни лица кои прекршуваат повеќе закони и изречени се 58 опомени.
Во текот на вчерашниот ден и советничката група предводена од опозициската ВМРО ДПМНЕ достави барање до претседателот на Советот за свикување вонредна седница на која ќе се разгледа состојбата со аерозагадувањето во Куманово, информации и мерки кои ќе бидат преземени.
Последниве денови во општината, нивото на ПМ 10 честичките е неколку пати повисоко од дозволеното.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди