Македонија
18. December 2015 - 14:06

Мицов не доби прашања на македонски јазик па демонстративно замина од емисија на „АлсатМ“

На Мицов не му беше овозможено да ги добие прашањата на македонски јазик, по што настана расправија, по која политикологот демонстративно ја напушти емисијата
 
Политикологот Стефан Влахов-Мицов, кој гостуваше на дебатната емисија во телевизијата „АлсатМ“, беше испровоциран од страна на водителката како и од некои од гостите, по што ја напушти емисијата.
 
- Се наоѓаме во Република Македонија, сакам да ми се зборува на официјалниот јазик во Република Македонија. Станува збор за почит, тука има двајца претставници Македонци, а нив треба да им се зборува на македонски јазик. Ќе имаме проблем со комуникацијата од тој аспект – рече Мицов на почетокот од гостувањето во дебатната емисија.
 
Сепак, на Мицов не му беше овозможено да ги добие прашањата на македонски јазик, по што настана расправија, по која политикологот демонстративно ја напушти емисијата.
 
Расправиите почнуваат од 10.42 минути.