-->
-->
Мицотакис: Затворање на границите нема да го реши проблемот
-->
Затворањето на границите не е одговор на проблемите и секој треба да го сфати тоа, изјави денеска лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија Кирјакос Мицотакис.
Тој, исто така, ја обвини Владата дека има „чуден и аматерски“ став, јави дописникот на МИА.
- Слушаме дека министри велат оти можноста за затворање на северните граници на земјата, најверојатно, нема да се избегне, рече Мицотакис и ја повика Владата да го смени својот став.
- Сите треба да се бориме за да се избегне овој негативен развој за нашата земја, рече лидеорт на Нова демократија и информира дека оваа тема ќе биде на прво место на средбите што ќе ги има во Брисел во следните неколку дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија