Мицотакис: Нашата цел е да го достигнеме европскиот просек на кревети на интензивна нега
Мојата цел, од прв момент беше да го достигнеме европскиот просек за места на Одделенијата за интензивна нега и ќе го достигнеме, а оваа наша обврска до крајот на годината ќе ја исполниме и ќе имаме околу 11 до 12 кревети на интензивна нега на 100.000 жители. Но, тоа не можевме да го постигнеме сами, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на настанот во рамките на меѓународната иницијатива на Фондацијата „Ставрос Ниархос“ за Ковид-19.
Фондацијата донираше 15 милиони евра што ќе се искористат за 174 најсовремени кревети за интензивна нега во 15 државни болници низ цела Грција, најголемиот дел од нив во областа Атика и на островите.
Донацијата опфаќа и планирање, изградба, реконструкција или реновирање на објектите каде што ќе бидат поставени новите кревети, а грчкиот здравствен систем ќе се зајакне со модерна инфраструктура со вкупна површина од 8.000 метри квадратни. За опремата и персоналот ќе биде задолжена државата, а целиот проект се очекува да заврши за шест месеци.
На почетокот на годинава Грција имала 565 легла на Одделенијата за интензивна нега, помалку од шест на 100.000 жители, додека пак сега, речиси се двојно зголемени, односно земјата располага со 1.017 кревети.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани