Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ е против шверцерска аболиција или помилување за политичари кои се огрешиле
СДСМ може на шверцерски начин да договара, да притиска, да уценува и да корумпира судии, да тера приватни агенди за аболиции, но јас и ВМРО-ДПМНЕ не поддржуваме такви криминални одлуки, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на собирот во Кочани во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“.
– Заев и СДСМ разочараа многу наши сограѓани кога поверуваа дека е дојден денот кога правдината и правото ќе владеат во Македонија. За жал, сето тоа беше една нивна алатка да вршат притисок, да уценуваат политичари, да рекетираат бизнисмени. Затоа денес „зад завеса“ се договараат со оние остатоци кои ги направија уставните измени во Собранието, и сакаат на мала врата, преку Уставниот суд да ја реактуелизираат аболицијата, а притоа виновно да биде ВМРО-ДПМНЕ. Криминалецот има само криминален ум и ништо повеќе, а ние тоа нема да го дозволиме. ВМРО-ДПМНЕ е против каква било шверцерска аболиција или помилување на политичари кои се огрешиле на каков било начин. И не само на политичари, туку на секого, без разлика од која партија е, ако ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните, треба да сноси одговорност. Нема ниту еден Стево Пендаровски да ве спаси господа од СДСМ, од прв до последен ќе одговарате за злоделата што им ги направивте на народот и државата, истакна Мицковски.
Во обраќањето пред граѓаните на Кочани, Мицковски нагласи дека актуелната власт не само што не испорачала подобрување на економската состојба и животниот стандард на граѓаните, туку податоците покажувале стагнација и назадување, а во државата не било никогаш полошо поради што граѓаните масовно се иселуваат.
– Вториот столб на кој се темели нашата програма е дигатилизацијата затоа што она општество кое за дваесет или триесет години од денеска нема да биде дигитализирано ќе му претстои огромен предизвик за опстанок. Колку побргу тоа го направиме, толку повеќе ќе бидеме отчетни и транспарентни пред граѓаните. Комбинација на дигитално општество, диги-Македонија, со владеење на правото, дополнето со македонизмот назад во Македонија, е гаранција за модерна и успешна држава. ВМРО-ДПМНЕ има план и визија за следните триесет години и знае како да ја обнови Македонија. Токму македонизмот назад во Македонија е третиот столб на нашата програма, затоа што доста ни се пропаганди, антиквизации и наметнати севернизации. Нам ни треба македонизмот, додаде Мицковски.
На крајот од обраќањето, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека откако ќе заврши кампањата „Разговори за обнова на Макеодонија“ ќе се соберат сите сугестии од граѓаните и ќе се подгoтви новата предизборна програма со која партијата убедливо ќе победи на парламентарните избори во април.
Ново на Сител
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница