Мицкоски за случувањата со Арсовска: Дадов коментар, не би имал што да додадам
Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да коментираше и кажа дека претходно одговорил во однос на тоа дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори. Одговарајќи на новинарски прашања, во изјавата за медиумите пред свечената академија по повод 80 години од постоењето на Државниот завод за статистика, премиерот кажа дека веќе дал одговор на оваа тема, додавајќи дека став дали им верува на обвинителството и на МВР треба да си каже дали градоначалничката.
- За првото прашање, дадов коментар не би имал што да додадам. А за второто прашање, јас мислам дека став треба да побарате од тој којшто го кажува тоа, рече Мицкоски.
Вчера, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени од скопската градоначалничка Данела Арсовска во врска со незаконски легализирани дивоградби во општина Чаир, а неа ја охрабри да пријави во МВР дека добива закани по живот.
- Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено. Исто така, јас навистина жалам ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам веднаш да појде во Министерството за внатрешни работи и да ги пријави, а МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапува по истото, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Институтот за јавно здравје.
Премиерот одговори „има вистина во тоа“ прашан за коментар за изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“.
- Па има вистина тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа г. Меџити и г. Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали, рече Мицкоски, вчера.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор