Македонија
18. April 2024 - 16:39

Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти

- Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика. Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда, изјави претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски на новинарско прашање околу реакцијата на СДСМ за наводната жестока реторика и нивно поистоветување со ДУИ истакна дека тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски при денешниот увид на 3 клучни проекти - спортска сала, училиште и авантуристички парк најави позитивна кампања, надеж и враќање на довербата на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ традиционално од Охрид вечерва во голем народен собир стартуваат со предизборната кампања за Парламентарните избори 2024 закажани за 8 мај.