Мицкоски: Власта наликува на стар автомобил пред ремонт
Власта наликува на стар автомобил пред ремонт кој ни вели дека ќе не однесе на натпревар на формула еден каде ќе победи, а не е способен да се придвижи на локална маалска трка. Уљето е растечено, моторот пред зарибување, а новата боја со која го префарбурваат и не убедуваат дека е најдобар постепено распукува и бледее, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Бутел.
Мицкоски пред присутните порача дека волкот влакното го менува но карактерот,додавајќи дека иако Заев уште пред 5 години ветил дека ќе ја донесе Европската унија во Македонија, народот точно знае дека не ја говори вистината, бидејќи како што рече тој Македонија е се подалеку од Европската унија.
И не залудно велам насекаде, волкот влакното го менува, а карактерот не. Но новината е сега дека влакното може да го сменат сто пати, ама карактерот кој не го менуваат им го научија, им го прочитаа и го распознаваат до перфекција. И кога Заев ќе каже дека Европска Унија ќе ја донел во Македонија народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува 5 години по ред и ЕУ е се подалеку од Македонија. Одговорот зошто и во ЕУ не сакаат да седат на иста меса со Заев и врз себе да си го лепат неговиот криминал, неговите афери и скандали, истакна Мицкоски.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа