Мицкоски: Власта има мнозинство да си го продолжи својот мандат, но не и да носи закони за граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот профил на Фејбук напиша дека е добро што владејачкото мнозинство го прифати предлогот што го дал вчера за приоритетно гласање на четирите закони за помош на стопанството и граѓаните, иако, како што наведува „таа поддршка е мала и до сега недоволна“.
–Се покажа дека власта има мнозинство само да си го продолжи својот мандат, но не и да носи закони за граѓаните. Ова е разликата помеѓу борбата за лични интереси која ја застапуваат борците за провизии од власта, и борбата за интересите на граѓаните на чија страна ќе бидеме секогаш, напиша Мицкоски.
Пратениците попладнево, откако го усвоија дневниот ред на 36. седница, по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки, како и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Уапсен е убиецот што уби студент вчера во Штип
-
Бајден вели дека „презема одговорност“ за враќањето на Трамп во Белата куќа
-
Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин
-
Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност
-
Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе ја одржи својата прва голема миса
-
Митскиот стадион „Ацтека“ се реновира за Мундијалот 2026
-
Англиско финале Тотенхем – Манчестер Јунајтед во Лига Европа
-
Челзи и Бетис финалисти во Конференциската лига