Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Први мај, празникот на трудот.
-Денес им оддаваме почит на сите работници - на тие што го движат општеството напред со својата упорност, одговорност и честитост, напиша премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, напиша Мицкоски.
Трудот, како што посочува Мицкоски, е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и тој затоа е темелот на секоја напредна држава.
-Владата и во иднина продолжува да биде целосно посветена на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Преку зголемување на минималната и просечната плата, зголемување на пензиите, поддршка за нови работни места, унапредување на работничките права и намалување на невработеноста, вложуваме во вистинските вредности – трудот, знаењето и човекот, истакнува Мицкоски.
Посочува дека секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација.
-Да продолжиме заедно да ја градиме Македонија како праведна, солидарна и достоинствена држава за секој нејзин граѓанин. Честит Први мај – Меѓународен ден на трудот, се анведува во честитката од премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница