Мицкоски телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник
Премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук објави дека вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник за македонско-американското стратешко и економско партнерство. Било нагласено дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата, како и важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.
- Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник - пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје. Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата. Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка. Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји, наведува премиерот Мицкоски во објавата на ФБ.
Ново на Сител
-
Рубио: САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти
-
Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука
-
Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп
-
Трајко Славески е новиот гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија
-
Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања
-
Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори