Македонија
29. July 2024 - 14:14

Мицкоски се сретна со директорката на АХК Северна Македонија, Ванделт

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мискоски денеска оствари средба со Антје Ванделт, директорката на АХК Северна Македонија.

За интересот на германските компании за Северна Македонија, за актуелните предизвици со кои се соочуваат германските и локалните компании, како што се достапноста и едукацијата на квалификувани работници, можности за младите луѓе за водење на квалитетен живот и перспективи за изградба на кариера во татковината, се дел од темите на кои зборувале на средбата Мицкоски и Ванделт.

-Ванделт го информираше Мицкоси за претстојните проекти кои ќе ги реализира АХК Северна Македонија, како делегациската посета од страна на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија. Посета на земјата од страна на германски компании на тема декарбонизација во индустријата, како и делегациско патување на тема обновливи
извори на енергија, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски го истакнал големиот интерес на Владата за проширување на економската соработка со Германија, најважниот трговски партнер на Северна Македонија и важен инвеститор во индустрискиот сектор. Воедно, премиерот Мицкоски посочил дека Владата сака и во иднина да ја продолжи тесната соработка со АХК Северна Македонија.

АХК Северна Македонија е дел од мрежата на 150 германски комори во 93 земји ширум светот, која веќе 24 години ги следи потребите и предизвиците на стопанството во земјата.