Мицкоски: Професор сум, и јас ги имам истите маки и затоа ги поддржувам просветните работници
При своето гостување во Тема на денот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека и тој како професор ги има истите маки како неговите колеги.
- Од една страна имате Влада која е проблем, која е дефинирана според сите параметри на хибриден режим и е прилично криминализирана и корумпирана и од друга страна ги имате професорите, наставниците и оние кои се вработени во градинките негувателките, воспитувачките. Јас сум во суштина професор универзитетски и тоа се моите колеги и тоа е мојата природна средина и јас го споделувам нивниот живот бидејќи истите маки и јас ги имам, и моите колеги на универзитетот ги имаат истите маки со нискиот стандард, демотивираноста, притисокот од власта, од надлежните во министерството и затоа ги поддржав и ќе ги поддржувам безрезервно кога искрено ги бараат своите права, кажа Мицкоски.
Мицкоски вели дека употреба на медијатор во преговорите помеѓу СОНК и Владата е спротивно на закон.
- Никогаш не сум го нападнал водството на СОНК, само се обидов да направам разлика во нивната фацијална експресија и профил пред да влезат на состанокот во Владата и откако излегоа и потоа се наметнува прашањето зошто е толкава осцилацијата во однесувањето на водството на СОНК. Најпрво велат ќе го прекинеме штрајкот, па ќе ги слушнеме членовите на СОНК, па откако членовите на СОНК се произнесоа дека не се за прекин туку се за продолжување на штрајкот се до остварување на нивните барања тие одлучија да бараат излезна стратегија во нешто што е спротивно на закон преку т.н. медијатор кој доаѓа од кабинетот на министерката за труд и социјала, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Предвидени се пари за раст на платите во јавната администрација за наредната година
-
Од денеска цените на дел од прехранбените производи треба да бидат намалени
-
Повеќе лесно повредени лица во сообраќајна несреќа на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе
-
Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ако се почитува одлуката на Владата, ќе се намалат трошоците за храна
-
СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари
-
Поднесено обвинение за убиството на малата Данка Илиќ
-
Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ
-
Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола