Мицкоски: Подаваме рака за национално единство, време е Ковачевски да ги напушти слепите политики на заевизмот
Не очекувам од луѓето кои се слепи следбеници на заевизмот, една политика која е жестоко поразена на изминатите локални избори на два пати да бидат рационални и да се издигнат над ситуацијата и да застанат еднаш во одбрана на македонското национално достоинство и да ги штитат македонските вредности, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање за повикот до Ковачевски за национално единство.
Мицкоски истакна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ подаваат рака и дека доколку Ковачевски му стане јасно дека треба да ги напушти слепите политики на заевизмот, треба да го прифати повикот за национално единство.
- Јас подадов рака, таа рака се уште е подадена, стојам на располагање, секогаш кога ќе треба да се обезбеди единство, заедништво, консензус, тука сме да зборуваме отворено, пред отворен врати, пред камери ако треба , да не се криеме, нема што да криеме. Зошто да се крие 3+2, 5+1, вели Мицкоски.
Мицкоски истакна дека треба народот да знае затоа што доста му е од порази и конечно да престанеме да се делиме, туку да се обединиме околу тоа што значат државни и национални интереси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
„Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Северна Македонија би ја напуштиле државата
-
Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години
-
Одобрени најавените 35 милијарди евра макрофинансиска помош од ЕУ за Украина
-
Мекдоналдс ја повлече продажбата на „квартер пондер“ хамбургери во САД
-
Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина
-
Министерот Таравари прими вакцина против сезонски грип
-
Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
-
Општина Струмица го напушта ЗЕЛС