Мицкоски: Оваа Влада не е способна да организира сложена статистичка операција попис
Оваа Влада не е способна прегорена улична сијалица да смени, а не пак да организира сложена статистичка операција попис. Уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случи крах на апликацијата, прво системот падна, слично како и училишниот он-лајн систем, а потоа во истиот можеше да се попише било кој со лажни и измислени податоци.
Се покажа дека од дијаспората може да се попише секој граѓанин кој живее во Македонија, а тоа докажува дека Владата и Заев како и за сѐ друго не се способни да спроведат било каков процес.
Не би ме зачудило ако на крај се евидентираат неколку десетици милиони нашинци од дијаспората. Полека но сигурно, пред очи имаме уште еден циркус.
Пописот во Македонија е закажан да почне на 1 април. Ова што се случува со евидентирањето на дијаспората е електронски метод, што како методологија го предлагавме ние, но и тогаш и сега баравме тој да започне откако ќе се постават сите заштити на системот.
Мојот повик за евидентирање на дијаспората се однесува на регистрирање на државјанствата, и тие не влегуваат во резидентното население. Оттука треба да престанат сите спинови, подметнувања и манипулации на Владата.
До почетокот на пописот во Македонија 1 април има можност, а ние ќе поднесеме закон за поништување на пописот. Овој закон кој ќе го поднесеме покрај потписите на пратениците поднесувачи ќе го има кредибилитетот и на над 100 илјади граѓани кои се потпишаа со име и презиме за запирање на пописот.
Новиот бран на ковид-19 вирусот и неспособната Влада се гаранција дека или ќе биде одложен пописот на резидентното население, или ќе биде уште еден неуспешен обид на Владата.
Оваа власт е способна само за крадење и криминал, сѐ останато пропушти да го направи. Тоа ќе го смениме со смена на Владата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце