Мицкоски: Ова е тероризам, а не 27-ми април
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го нарече тероризам доаѓањето на двајцата пратеници позитивни на Ковид-19 во Собранието и најави дека нивната пратеничка група ќе поднесе кривични пријави.
-Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство. Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
Тој го повика претседателот на државата Стево Пендаровски да застане зад правото и Уставот.
– Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница, напиша Мицкоски.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ