-->
-->
Мицкоски од Попова Шапка: Чувството на безилезност не смее да ја победи надежта
-->
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес беше во посета на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка, по повод чествувањето на православниот празник Св. Наум Охридски. На граѓаните кои го слават празникот и на присутното свештенство им го честиташе денешниот православен празник со желби за благосостојба здравје и напредок.
-Делото на Св. Наум Охридски не учи дека просветителството, добрините и праведниот живот се вистинскиот начин кој го осветлува патот и ги победува неправдите. Нашата земја денес се соочува со бројни предизвици, граѓаните живеат тешко и во несигурност. Навидум чуството за безизлезност не смее да ја победи надежта дека може и мора подобро. Сите заедно мора да ја реализираме нашата заложба за промени кон подобро и решавање на напластените проблеми. Цврсто верувајќи во граѓаните и нивната свесност за состојбите верувам дека ќе бидат победени неправдите и дека подобрата иднина ќе дојде за сите во нашата земја, истакна Мицкоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица