Мицкоски на средби во Гевгелија: Стопанството приоритет во изборната програма
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија оствари средби со бизнис заедницата, други целни групи и со граѓаните со кои разговараше за реалната состојба во државата.
Тој нагласи дека приоритет во изборната програма ќе има стопанството бидејќи, како што рече, без здрава економија и без реален сектор државата не може да напредува.
-Денеска овде посетивме два стопански производни капацитети, разговаравме со сопствениците и мислам дека произлегоа корисни заклучоци од кои дел се веќе предвидени во програмата „Обнова на Македонија“, но дел ќе бидат и предвидени, рече Мицкоски.
Тој истакна дека на ранг листите на реномираните светски институции нашата држава е меѓу најкорумпираните земји во светот, на 106 место односно пад од цели 12 места, забалажеувајќи дека истовремено има пад на индустриското производство и на бројот на вработени во индустријата, како и скандали и корупција во здравството, а причина за тоа, како што рече, се Зоран Заев и СДСМ.
Мицкоски во Гевгелија имаше средби и со здравствените работници во „Негорски бањи“ и со гевгелиските пензионери.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток