Мицкоски на средба со Туск: Државата не смее да биде заложник на Зоран Заев на патот кон ЕУ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка доцент д-р Тимчо Муцунски денес во Љубљана на самитот на ЕПП остварија средба со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск.
На средбата се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Европската народна партија и за европските интеграции на земјата.
Претседателот Мицкоски посочи дека државата влегува во нов циклус на криза и постојано се оддалечува од датум за преговори со Европската Унија.
Мицкоски посочи дека и покрај многу бројните отстапки на Зоран Заев сега се лиферуваат нови датуми и нови пречки кои што треба да се надминат, што значи дека државата губи потенцијал во однос на исполнување на оваа стратешка цел.
И покрај сите забелешки поврзани со криминалот и зголемената корупција, недостатокот на реформи во правосудството, како и уназадувањето на економијата, државата треба да напредува во интеграциите во ЕУ, бидејќи тоа е во интерес на целиот Западен Балкан.
Земјата не смее да биде заложник на Зоран Заев на патот кон ЕУ, истакна Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб