Мицкоски на средба со Браун: Владата владее со сила и не го слуша гласот на народот
Денеска остварив средба со Даниел Браун – официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер имаат долга и плодна соработка, која резултира со поддршка која ВМРО-ДПМНЕ ја добива преку обуки, школи, и други заеднички проекти.
Господинот Браун го запознав со актуелната политичка ситуација во Македонија, пред се лошите политики на власта кои значат 60.000 отпуштени, скоро 6.000 починати и 6.200 затворени фирми, а тоа е така затоа што власта наместо да работи за државата и народот, брка провизии за вакцини и врши сомнителни набавки, и криминал кој останува неказнет. Буквално кажано криминалот го јаде општеството.
Констатиравме дека владата владее со сила и не го слуша гласот на народот, каков што е и последниот пример со насилното укинување на учебниците.
Разговарано беше и за притисокот од Бугарија и нефер односот кон Македонија.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Рама: Мигрантите нема да смеат да излезат од кампот во Ѓадр
-
Фетаи: Замрзнувањето на балансерот нема да спречи нови вработувања
-
Фетаи: Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност
-
Наутро ладно, преку ден топло - заладување од четврток
-
Поддршка од стотина членки на ОН за Гутереш откако Израел го прогласи за непожелен
-
Макрон: Хезболах веднаш да ги прекине нападите врз Израел
-
21 година од смртта на Ѓорѓи Колозов
-
Македонските фудбалери вечерва играат против Ерменија