Мицкоски на средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, стратешките определби на Република Македонија и претстојните парламентарни избори.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека главна стратешка определба на партијата и Република Македонија е членството во Европската Унија. Тој додаде дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како преку забрзани реформски процеси да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата и да ја приближи државата до европскиот стандард. Покрај членството во Европската Унија, еден од приоритетите на новата Влада ќе биде развојот на економијата и подорувањето на економската клима во државата.
Тој потенцираше дека новата Влада ќе биде отворена за соработка со странските инвеститори и е спремна за подобрување на соработката на економски план.
Во однос на предвремените парламентарни избори, соговорниците се согласни дека демократски и фер изборен процес ќе е клучен за иднината на Република Македонија.
Мицкоски посочи дека корупцијата и неказнетиот криминал се сериозен проблем со кој владата не се справува. На законот за јавното обвинителство кој го турка власта гледа како механизам за заштита на криминалот преку зголемена политичка контрола на обвинителниот сектор. Тоа не смее да се одобри, туку да се поддржи решение кое ќе обезбеди независност, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава