Мицкоски на средба со Амбасадорот на Полска, Тицињски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Војциех Тицињски.
На средбата се разговараше за актуелните политички и економски случувања во Република Македонија, како и политичкиот прогон кој го спроведува власта кон политичките неистомисленици.
Главниот проблем во државата е недостатокот на правдата и проблемите со владеење на правото, посочи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше амбасадорот за политичкиот реваншизам кој го спроведува власта кон политичките противници.
Мицкоски истакна дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО е клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците се согласија дека вистинските реформи и Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилноста во регионот, а искуството и помошта од Полска при овие процеси е од огромно значење за државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра