Мицкоски, Муцунски, Тошковски и Муртезани ќе учествуват на Берлинскиот процес
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска и утре ќе учествува на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.
Во македонската делегација што ја предводи Мицкоски се и министрите за надворешни работи и трговија, за внатрешни работи и за европски прашања Тимчо Муцунски, Панче Тошковски и Орхан Муртезани.
Како што најавија од владината прес-служба предвидено е учество и заедничка прес-конференција на Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија и домаќин на следниот Самит.
Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).
Предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница