Мицкоски: Можна е лидерска средба, но само ако се разговара за предвремени парламентарни избори
Можна е лидерска средба, но на која ќе се разговара само околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада. Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека се останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави.
-Во минатото многу работи ставивме на маса. Пред повеќе од една година, буквално се беше на маса. Но, тие ништо не успеаја да направат. Исто така, во овие година дена континуирано, и покрај тоа што никој не не прашуваше кога се правеше тој договор, ние нудевме потенцијални решенија, како што е хрватски модел, одложено дејство... Но, сега нема ништо повеќе на маса, само една работа - лидерска средба околу датумот за предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали е можна нова лидерска средба, кој денеска присуствуваше на увид во градежните активности на изградба на спортски терен во населба Ченто.
Прашан како ја коментира владината кампања „Ние сме Европа“, Мицкоски одговори дека станува збор за плагијат, за нешто што веќе е видено во Европа, и порача европските дипломати да интервенираат кај Владата да не ја злоупотребуваат Европа.
-Тоа е плагијат. Нема ништо оригинално во Владата на СДСМ и ДУИ. Станува збор за нешто веќе видено во Европа. Најмалку што имаат право овие политички изманици е да се повикуваат на Европа. Се додека се претставуваат како промотори на европските вредности, кредибилетет на Европа во очите на граѓаните ќе опаѓа. Тука и европските дипломати имаат можност да интервенираат кај Владата да не ја злоупотребуваат европа. Владата прави се што е спротивно на европските вредности, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Приведен кавадарчанец кој физички ја нападнал баба си и тешко ја повредил
-
Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“
-
Раниери: Пред да умрам сакам да видам што има надвор од фудбалот
-
Почна аплицирањето за влезници за финалето во Лигата на шампиони
-
Влезниците за ЗОИ 2026 поскапи од ОИ 2024 во Париз
-
РФМ: Ракометарките ќе добијат награда од 1.5 милиони денари за пласман на СП
-
Дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
-
На Царина запленети автомобили, тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и брендирани женски обувки | ФОТО