Мицкоски ќе презентира план за надминување на енергетската криза
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со првиот човек на Сојузот на стопански комори.
Од партијата информираат дека Мицкоски по оваа средба ќе излезе со прецизен план за ублажување на последиците од енергетската криза кој прво ќе биде презентиран на бизнисот и стопанските комори.
- Планот на Мицкоски обезбедува доволни количини на енергенси за државата преку заштеда на граѓаните која може да биде до 300 милиони евра што ќе значи зачувување на работни места и спречување на инфлацијата. Ова е прв ваков пример во нашата досегашна пракса лидер на опозицијата да нуди обемен план за излез од кризата, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ утринава.
По средбата со првиот човек на Стопански комори, Мицкоски ќе даде и изјава за медиумите, повеќе детали во вестите во 16:00 часот.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка