Македонија
17. April 2019 - 13:48

Мицкоски: Јас сум Македонец од Македонија – ако грешам нека ме уапсат

Јас сум Македонец од Македонија и ќе си ја нарекувам мојата татковина Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за ТВ21.
 
-Јас во Армијата, во гардискиот баталјон, сум се заколнал дека ќе ја бранам независноста и суверенитетот на Република Македонија. Тоа е мое право. Дали некој оваа држава ќе ја нарекува Марс или некако како вие што кажавте, тоа е негово право. Има органи во оваа држава, нека се позанимаваат. Ако грешам, нека дојдат и нека ме уапсат. Нека ме казнат, но тоа е мое право, порача Мицкоски.
 
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш порача: Ова е Македонија, јас сум Македонец и земјата ќе ја наречувам Македонија.
 
-Тоа никој не може да ми го одземе. Никој нема право. Ова не е режим. Или е режим? Ако е режим во ред, рече тој.