Мицкоски: Го канам Битиќи на средба во ВМРО-ДПМНЕ за да му презентирам план за закрепнување на економијата
– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку објава на својот профил на Фејсбук го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во 12 часот во седиштето на неговата партија, со цел, како што вели, детално да му го објасни неговиот планот и концептот, кои „ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот“.
– Состојбите се пресериозни за вака неодговорен однос на Владата и демонстрација на суета на Димитар Ковачевски, вели Мицкоски во објавата.
Тој наведува дека побарал средба со Ковачевски за „да го презентира концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места“ и го повикал на дебата на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере, но дека премиерот го одбил тоа „со изговор дека сега не било време“.
– Нудам концепт не само за оваа есен и зима туку и за следната година. Од сето ова политички поени не ме интересираат кога цената е иднината на Македонија и илјадници луѓе чии работни места се под знак прашање. Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на Владата, додава Мицкоски во објавата.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика