Мицкоски до пратениците на СДСМ: Не робувајте на вашата партија, одбијте го предлогот и послушајте го народот
Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка која е контроверзна и недостоинствена за Република Македонија овие денови влегува во собраниска процедура.
Сакам на почетокот јасно да подвлечам дека независно што ќе се расправа во Собранието, за нејзиното прифаќање пресудно беше влијанието на Владата на СДСМ и ДУИ која игнорирајќи ја волјата на огромното мнозинство граѓани, на сила сака да протурка процедура која е во целосна спротивност со државните и национални интереси.
Се работи за информација која Собранието ја носи со просто мнозинство, односно со 41 пратеник од присутни 61.
Суштински, усвојувањето, односно неусвојувањето на оваа информација нема да смени ништо посебно бидејќи Владата на Ковачевски истата веќе ја прифати.
Меѓутоа, пред да се расправа за информацијата во Собранието сакам да се обратам и до пратениците од владеачката СДСМ, а за кои знам дека се колебаат, односно не се индиферентни на овие народни повици како што е Владата.
Пратеници од СДСМ, ве повикувам да не подлегнувате на притисоците на власта и да постапите исклучиво според сопствената совест. Бидете достоинствени, почитувани пратеници од СДСМ и не потклекнувајте на притисоците од некои челни луѓе на вашата партија.
Сакам нешто да се знае. Мојата цел не е борба за гола власт, туку првенствено заштита на државните и национални интереси преку отфрлање на процес кој е штетен за Македонија. И тоа треба да биде нашата заедничка борба во која треба да се обединиме сите на страната на народот и на страната на нашата Македонија.
Пратеници од СДСМ, Вие отфрлете ја информацијата на Владата, а јас ви ветувам дека нема да барам избори и ќе поддржам опстојување на оваа влада, па макар било тоа и малцинска, само Македонија да не биде уценетата и понижена и да не се прифати она што сега ни се нуди.
Мојата понуда е чесна и искрена и таа е водена исклучиво од интересите на народот и иднината на нашата Македонија.
Пратеници од владеачките партии, Ве повикувам да застанете со нас, со народот на Македонија на вистинската страна од историјата.
Гласно извикајте „Ултиматум, не благодарам”.
Не робувајте на вашата партија, туку бидете како што доликува единствено во служба на народот!
Вие сте на потег!
Во оваа битка сме сите едно!
Ви подаваме рака!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун