Мицевски: Во кое својство Џафери присуствуваше на партиски настан на ДУИ?
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски го прашува претседателот на Собранието Талат Џафери во кое својство присуствувал на информативната средба „Заедно за Европа“ на претседавачот на ДУИ Али Ахмети, со граѓаните во Гостивар, во средното техничко училиште.
– Дали сме сведоци на ново грубо кршење на Уставот од страна на Талат Џафери? Според член 67, став 3 од Уставот: Функцијата Претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Дали Талат Џафери на информативната средба „Заедно за Европа“ на претседавачот на ДУИ Али Ахмети, со граѓаните во Гостивар, во средното техничко училиште, присуствуваше како член на Централниот одбор на ДУИ или како претседател на Собранието?, прашува Мицевски на „Фејсбук“.
Тој потенцира дека Џафери мора да даде одговор во кое својство присуствува на партиски настан ДУИ.
– Уставот мора да се почитува и спроведува како што треба. Тој е еднаков за сите граѓани без исклучок, подвлекува Мицевски.
Ново на Сител
-
Повисоки плати и за медицинскиот персонал - Буџетот се полни добро
-
Запрена постапката за Универзална
-
Нова најава за гасификација, но без детали
-
Наредната недела почнува вакцинацијата против грип
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ прифати укинување на балансерот додека беше на власт
-
Љутков: Нелегално примопредавање на Универзална од Град Скопје на Министерството за култура
-
Заклетва на нова класа питомци во армијата
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче